Sunday, December 22, 2013

СЛАТКИ ПАСТЕЛИ

Летен маникир

РАЗИГРАН ЖИВОТИНСКИ ПРИНТ

Летен маникир
Разигран животински принтРазигран животински принтРазигран животински принтРазигран животински принтРазигран животински принтРазигран животински принт

НЕОНСКА СВЕЖИНА

Летен маникир

СТРОГА ГЕОМЕТРИЈА

Летен маникир

РИБИНА КОСКА

Летен маникир

Monday, December 2, 2013

16 идеи за едноставни празнични фризури




При секое поминување на куќниот праг важно е како сте ја стилизирале косата, затоа што фризурата има моќ да го трансформира целосниот изглед. Секоја промена на косата е забележлива, па никогаш не може да има премногу фризури меѓу вашите тајни за убавина.
Сега, кога пред нас се бројни прослави и друштвени средби, особено корисно е да умеете да направите барем 5-6 брзи и впечатливи фризури кои со минимален напор ќе ви го дадат посакуваниот ефект.
Да, коњското опавче е ултра модерно, но многу позабавно е постојано да изненадувате со динамични фризури кои привлекуваат погледи. Следуваат неколку фото и видео туторијали за фризури кои ќе ве инспирираат да ги испробате уште денес, со цел да ги селектиратефризурите кои ќе ве разубавуваат на претстојните забави.

1. ПЛЕТЕНКА КОЈА ЗАВРШУВА СО ПУНЏА

Наместо сунѓер во форма на крофна, можете да искористите чорап за да направите кружна форма.
Плетенка која завршува со пунџа

2. РОК СТИЛ


3. ВИСОКА ПУНЏА СО ВЕНЧЕ / 4. РОМАНТИЧНИ ЛОКНИ

Висока пунџа/Романтични локни

5. „ПЛЕТЕНКА“ СО ВРЗУВАЊЕ


6. БОХО ПЛЕТЕНКА „БЛЕЈК ЛАЈВЛИ“


7. ТРОЈНА ПЛЕТЕНКА

Тројна плетенка

8. БОХО ЗАДНА ПЛЕТЕНКА


9. РОК ПЛЕТЕНКА


10. РОМАНТИЧЕН ТВИСТ

Романтичен твист

11. ЕЛЕГАНТЕН ТВИСТ


12. ПРОТНАТО КОЊСКО ОПАВЧЕ


13. МОДЕРНА ПАНДЕЛКА

Модерна панделка

14. ПЛЕТЕНКА СО ПРОТНУВАЊЕ


15. ЛАЖЕН БОБ

Не мора навистина да ја потстрижите косата за да имате драстично нов изглед. Имитирајте „боб“ фризура. Уште подобро би било ако косата ви е пострижана на слоеви. Најкратките прамени ќе можете да ги извиткате и да создадете брановиден боб.
Лажен боб

16. РЕТРО ИСПИРАЦИЈА ОД „MAD MEN“

Ретро фризура

Нијанси и бои – есен/зима 2013-2014



Есенското руво на природата напомнува дека е крајно време да се зближиме со новата палета бои за студената модна сезона. Дизајнерската имагинација заплива во драматични и софистицирани колоритни миксови кои фасцинираат и инспирираат.
Додека црно-белата класика продолжува да владее во модниот свет, на сцената смело чекорат повеќе неочекувани нијанси кои ќе ги живнат тмурните денови. Анализата на колоритноста на бројните дизајнерски колекции открива доминација на црвените и сините нијанси и неочекувано пробивање на деликатната розова боја.
Ви претставуваме визуелен водич низ најактуелните нијанси и бои за сезоната есен/зима 2013-2014.

Дамска црвена и бордо

Страсната црвена боја е закована на модните писти и никогаш нема да стивне нејзината магнетска привлечност. Во есенските и зимските денови црвената ќе изгуби дел од ведрината и живоста, но ќе стане помистериозна и подраматична.
Дамска црвена и бордо

Мастило-сина привлечност

Истражувајте ги сите сини нијанси кои може да ги роди мастилото. Кралската сина зрачи со моќ, воздржаност и отменост и се поврзува со скапоцениот сафир, па не е чудно што привлекува сè повеќе обожавателки.
Мастило-сина привлечност

Мистична виолетова

Модните креатори танцуваа меѓу виолетовите и пурпурните нијанси кои се обвиени со префинетост и мистичност. Виолетовите нијанси се асоцираат со индивидуалност, екстравагантност и неконвенционалност и се совршени за впечатливи и елегантни комбинации.
Мистична виолетова

Снежна белина

Внесете светлина во тмурните денови со свежа белина. Белите комбинации не се баш најпрактичен избор кога сте соочени со врнежливото и снежно време, но токму поради тоа инстантно го привлекуваат погледот и ги исполнуваат мислите со асоцијации како педантност, перфекционизам, искреност и грижливост.
Снежна белина

Маслинесто зелена

Зелените нијанси кои потсетуваат на маслинки или се инспирирани од војничката униформа ја збогатуваат новата модерна палета. Војничкиот принт исто така се враќа на модната сцена, но во поелегантна верзија.
Маслинесто зелена

Розова нежност

Деликатноста на розовата боја им влезе под кожата на дизајнерите кои неколебливо испратија на пистите мини армии од манекенки во креации во нежна розова боја. Палтата во „зачадена“ розова боја го добија статусот „must-have“ парче облека, па доколку се прашувате како да внесете розово во вашата гардероба, изборот е очигледен.
Розова нежност

Смарагдно зелен луксуз

Смарагдно зелената е прогласена за боја на 2013 година и ќе остане во актуелната палета, иако е помалку присутна на облеката, а подоминантна кај накитот и модните додатоци.
Смарагдно зелена

Темно сива

Невозможно е целосно да се избегнат сивите нијанси, бидејќи служат како одлична основа која го балансира присуството на поживите бои. Темните сиви нијанси се идеален избор за деловен изглед, но и совршено решение на дилемите поврзани со комбинирање на бои.
Темно сива