Накит
Накит претставува еден вид украсување на сопственото тело, како што се брошеви, прстени, ѓердани, обетки ибелегзии. Имајќи во предвид неколку исклучоци, како што се медицинските белегзии за предупредување или воените метални идентификациски плочки, накитот обично се разликува од другите елементи за лично украсување бидејќи неговата примарна намера е да привлече внимание. Долги години човекот создава накит и го носи истиот- почнувајќи со 100,000 години старите монисти направени од Nassarius школки кои се воедно и најстариот накит за кој денес се знае.Накитот може да се прави од различни видови материјали но скапоцените камења, скапоцените метали, монистите и школките се оние кои се широко распространети. Во зависност од културата и времето во кое живееме, накитот може да се цени како статус симбол, благодарение на неговите материјални својства, неговите дезени или како симбол со значење. Накитот се создава за да го разубавува секој дел од делото, од шнола до прстен за ножните прсти.Самиот збор накит води потекло од зборот jewel, на кого му придале англиски карактеристики и кој потекнува одстарофранцускиот “joiel” и од латинскиот “jocale” со значење играчка. Во Британско-англискиот јазик зборот накит може да се спелува како jewelery или jewellery, додека во Американско-англискиот како jewelry.


No comments:
Post a Comment